Спречено самоубиство во Гостивар

Шеесет и седумгодишен гостиварец се обидел да се самоубие фрлајќи се во реката Вардар, а давењето е избегнато откако 4 минувачи од кои тројца малолетници успеале да го извлечат од водата, пишува весникот „Нова Македонија“.

Во близина на металниот мост над гостиварската болница, тој се фрлил во реката, но четворицата го забележале и успеале да го извлечат од водата, по што бил префрлен во болница.

По укажаната лекарска помош, старецот е пуштен дома.

Според првичните сознанија на полицијата гостиварецот се соочувал со извесни психички проблеми, објави весникот.

Минатата година, на подрачјето на СВР Тетово регистрирани се 42 обиди за самоубиство (во Тетово осум, а во Гостивар 34). Дури 36 од обидите биле труења со апчиња и токсични средства, и по едно со сечење вени и со бесење. Меѓу оние кои посегнале по сопствениот живот 8 биле малолетници, 20 на возраст над 30 години, 34 биле женски лица и 8 машки.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.