Спремете се да завивате- петок 13-ти полна месечина!

За сите оние кои сакаат да завиваат на полна месечиина – се подготвува двојна закана.

Петок се паѓа 13-ти и ќе се поклопи со полната меселина, комбинација која нема да се повтори се до август 2049 година, уште цели 35 години. Тоа ја прави уште понеобична: Ќе биде ,,слатка месечина,,, термин кој се користи за полната месечина најблиску до летниот солстициј.

Ваквата месечина „секогаш добива обоеност на шампањ или медова боја“, вели Сузан Барнет, директор на планетариум и опсерваторија.

Јунската полна месечина се нарекува и „Јагодеста месечина“.

images (1)

Сепак, петок 13-ти се смета за несреќен ден.

Според фолклористите, не постои писмен доказа за „петок 13-ти“ и суеверија поврзани со овој ден пред 19-ти век. Најраните познати документи се на англиски јазик во биографијата на Џоакино Росини, кој починал на петок 13-ти.

Според некои теоретичари, се смета дека е тоа модерно соединување на две постари суеверија: дека 13 е несреќен број и дека петок е несреќен ден. . Постојат разни теории за создавањето на верувањето врзано за овој ден. Едно од најпопуларните, повторно актуелизирани во 2003 во романот „Кодот на Да Винчи“ од Ден Браун, кој стекна светска популарност и беше филмуван.  Според оваа тероија, на петок 13-ти 1307 година, стотици од витешкиот ред темплари биле уапсени во Франција, акција мотивирана за зачувување на моќта на француската аристократија и зголемување на престижот на круната. Ваквиот суров потег го направил Филип IV. Од денот на крунисувањето на Клемент V, кралот лажно ги обвинил Темпларите за ерес, неморал и  сквернавења, и скрупулите на Папата биле компромитирани од страна на растечката сила на Француската круна и ставот дека тие би можеле да почнат независно да дејствуваат и да не чекаат на одлуките на Црквата. Сепак, најголем дел од експерите се сложуваат дека е ова поврзување со Петок 13-ти и несреќата која асоцира на овој ден, создадена во поново време.

Петок 13-ти се смета за баксузен, бидејќи башна овој ден на Адам му била понудена јаболката, сопрена е изградбата на Вавилонската кула, аи Каин, наводно баш на петок 13-ти го убил Авел. Исус е распнат во петок, после вечерата на која 13-тиот гостин бил Јуда, апостолот кој го издал Исус, а пред Светото писмо, во петок луѓето ги молеле своите богови за добра жетва, здравје и среќа, па работењето на овој ден се сметало за несреќа.

640x413_4381_Friday_the_13th_October_1307_2d_fantasy_knight_sword_templars_religion_war_holy_grail_crusades_crusaders_medieval

Во социјална смисла , суеверието за овој ден им донесува лоша среќа на трговците ширум светот. Луѓето едноставно не одат да купуваат заради стравот. Голем дел од нив едноставно си одат од работа право дома. Тие дури ги избегнуваат и секојдневните рутини во работењето, договарањето и слично. Проценето е дека во текот на овој ден има намалена промет за 800 до 900 милиони долари е помал прометот од вообичаено во текот на овој ден во Америка.

tired-salesperson

Овој петок Месечината ќе биде во Стрелец, што значи сите можеме да заличиме на дворски луди – премногу оптимистични и пречуствителни. Ќе сонуваме да добиеме 3 милиони на лото, но нема да уплатиме ливче , а потоа ќе прочитаме во весниците  дека некој извлекол седмица. Ќе бидеме вистински баксузи – објаснуваат астролозите.

Меѓутоа, тоа нема да ни биде најмалиот проблем. Астролозите велат дека нема да имаме среќа со ништо, а целиот ден може да помине во кавга со другите луѓе.

Ретроградната полна месечина на сите ќе им зададе проблеми- ќе создаваме кавги во околината, нема да се снаоѓаме со документациите, а ни со сообраќајот. Заради ретроградното движење се очекуваат голем број на сообраќајни несреќи, велат астролозите.

Баксузниот петок 13-ти ќе им создаде проблеми и на новите љубови.

Ако планирате некому овој петок да му изјавите љубов, нека биде тоа грандиозно и спектакуларно, инаку подобро немојте воопшто тоа да го правите, велат астролозите.

Moon gazing 1

Тие исто така советуваат дека во текот на полната Месечина не треба да однесуваме важни одлуки, купување на куќа или стан, автомобил или техника.

Доколку баш во петок полагате некој испит, мора да почитувате едно правило, учете ги од првата до последната лекција и така покажете почит на симболиката на ретроградната Месечина за да ги положите испитите.

Дали верувате во астролоигија или не, бројни научници и доктори тврдат дека полната Месечина секако влијае на дуѓевната состојба, иако за тоа не сме свесни доколку тоа не го прочитаме во некаде. Се верува дека Месечината кога е полна предизвикува агресивност, па дури и во душевните болници имаат посебна подготовка за овој ден.

Иако можеби не сте суеверни, овој петок играјте на сигурно и одете на спиење порано. Секако ова ќе биде интересен петок и сигурно ќе има многу „завивање“.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.