Колумни

Спремни ли сме да бидеме Илинденци?

Спремни ли сме да бидеме Илинденци?

Деновиве се зборува дека Македонија го доживува четвртиот Илинден. Според политичарите, третиот Илинден бил референдумот од 8 септември 1991 година. Тој датум, дури е и’ државен празник. Такви паушални споредувања покажуваат дека немаме поим за суштината на Илинденците и содржината на Илинденството во македонскиот дух и психа.

Реално ние имаме два Илиндена – во 1903 и во 1944 година.

Тие се поврзани, затоа што првиот направи трансформација во македонската самосвест и ја ослободи од странските пропаганди и диверзии. Го ослободи македонскиот народ од илузиите, кои му беа наметнати од некои македонски лидери. Независно од тоа што тие продолжија да го трујат по Балканските и Првата светска војна. Затоа македонскиот народ победи во 1944 година. Само што тој, пред да победи, а за да може да ја добие победата, ги истакна изнедрените од себе афтентични народни лидери кои го водеа во антифашистичката борба.

Во 1990-1991 година македонскиот народ беше спремен за нов Илинден и референдумот тоа го докажа. Но, тој Илинден му беше украден од политичарите. Не само од аспект на контроверзното референдумско прашање, туку и затоа што на народот како и пред Илинденското востание му беа подметнати странски фаци. Така од 1901-1903 година е Иван Гарванов – бугарски агент на кнез Фердинанд, а во 1991 година – југословенот Киро Глигоров. Како друга фаца од Белград е Стојан Андов кој се скри по референдумот. Само што за разлика од Илинден 1903, македонскиот народ не успеа да се ослободи од подметнатите партиски фаци во СДСМ и во ВМРО-ДПМНЕ а резултатот го гледаме сега.

СО ДВА ЗБОРА, НОВ ИЛИНДЕН МОЖЕ ДА ИМАМЕ САМО ТОГАШ КОГА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЌЕ СЕ ОСЛОБОДИ ОД ДОСЕГАШНИТЕ ПАРТИСКИ ПРЕДАВНИЦИ ИЛИ ЛИГУШИ И ИЗНЕДРИ ОД СЕБЕ ВИСТИНСКИ НАРОДНИ ЛИДЕРИ. ЛИДЕРИ ЗА ДЕЈСТВИЕ КАКО ГОЦЕ И ЈАНЕ, КАКО ГЕМИЏИИТЕ, КАКО КУЗМАН ЈОСИФОВСКИ-ПИТУ И ГЕНЕРАЛОТ МИХАЈЛО АПОСТОЛСКИ. ПРВА ШАНСА ЗА ДА СЕ ПОКАЖЕМЕ КАКО ДОСТОЈНИ НА ИЛИНДЕНЦИТЕ Е ДА ГО СПРЕЧИМЕ ИЗБОРОТ НА АЛБАНЕЦ-ТЕРОРИСТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МАКЕДОНСКОТО СОБРАНИЕ.

Џабе се, какви и да се митинзи, па и тоа да се со над 500 илјади народ, ако не се остварат конкретни цели. А, конкретните цели се:

  • Прво, по секоја цена да се блокира изборот за претседател на Собранието да е Талат Џафери (или кој и да е друг – Албанец или македонски предавник).
  • Второ, по секоја цена да се блокира избор на антидржавна и антимакедонска влада.
  • Трето, по секоја цена да има нови избори што ќе се поклопат со локалните.

Не случајно потцртувам „по секоја цена“.

Народот на улица моментно продолжува со ситуацијата во која се наоѓа ДА МОЛИ ИЛИ ПОВИКУВА: Хан и ЕУ да ја осудат Тиранската платформа, Заев и СДСМ да се откажат од неа, ВМРО-ДПМНЕ да се приклучи кон демонстрантите, странците да не се мешат во македонските работи, Трамп да и помогне на Македонија итн.

СЕТО ТОА НЕ Е ИЛИНДЕНСКИ ДУХ И БОРБА. ИЛИНДЕНСКИ ДУХ Е КОГА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЌЕ ИМ ПОСТАВИ УЛТИМАТУМ НА ПОЛИТИЧАРИТЕ И НА СТРАНСКИТЕ ОКУПАТОРИ И КОГА ЌЕ ГО ПОТКРЕПИ СВОЈОТ УЛТИМАТУМ СО ЦЕЛОСНА БЛОКАДА НА СОБРАНИЕТО, ВЛАДАТА, АНТИДРЖАВНОТО СЈО, ПАРТИСКИТЕ ЦЕНТРАЛИ И СТРАНСКИТЕ АМБАСАДИ. НЕ ДА ИЗИГРУВАМЕ ИЛИНДЕНЦИ СО ПО 1-2 ЧАСА СЕКОЈДНЕВНО, ТУКУ ДА БИДЕМЕ 24 ЧАСА НА УЛИЦА И ВО ДЕЈСТВИЕ. СПОМНАТИТЕ ПОГОРЕ ТРИ БАРАЊА МОЖЕ ДА СЕ СУБЛИМИРАТ ВО ЕДНО: ИЗБОР ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО ОД ВМРО-ДПМНЕ, КОЈ МОМЕНТНО ТРЕБА ДА РАСПИШЕ НОВИ ИЗБОРИ. ВО СПРОТИВНО „ТЕШКО ИМ СЕ ПИШУВА“ НА СИТЕ!

Дваесет и пет години политичарите ни наметнуваат своја агенда спротивна на нашите интереси, одлучуваат во наше име и на наша штета. Македонскиот народ не мора повеќе да чека туку ДА ДИКТИРА. Марширањата на улица веќе траат цел месец, а од тоа фајде нема. Политичарите си поигруваат со народот, не исмејуваат и си терат се по свое.

ТОА ЗНАЧИ ДЕКА НАРОДОТ МОРА ГЕНЕРАЛНО ДА ЈА СМЕНИ ТАКТИКАТА. НЕ САКАМЕ СЈО – ТОГАШ СЛЕДУВА НАРОДНО УКИНУВАНЕ НА СЈО. НЕ САКАМЕ СТРАНСКИ ДУШМАНИ – ТОГАШ БЛОКИРАЊЕТО ДА ПОЧНЕ ОД АЕРОДРОМОТ И ВЕДНАШ ДА СЕ СПРОВЕДЕ НИВНО ВРАЌАЊЕ ПРЕД ДА СТАПНАТ НА МАКЕДОНСКО ТЛО. НЕ САКАМЕ ТИРАНСКА ПЛАТФОРМА – СЛЕДИ ЕФЕКТИВНА РАСПРАВА СО НЕЈЗИНИТЕ ПОТПИСНИЦИ.

Зошто во Романија донесениот од тамошната влада Закон за аболиција на криминалците, падна само по 4 дена? Затоа што, уште кога тајно го изгласаа на 1 февруари годинава на полноќ, веднаш во Букурешт излегоа 30 илјади луѓе на минус 8 степени, ја блокираа владата и собранието и не се мрднаа од таму до неговото повлекување. Во меѓувреме се собраа повеќе од 100 илјади луѓе и продолжи масовноста да се зголемува со блокирање врз целата престолнина. Ако законот не беше повлечен, ќе се повтореше 1989…

АКО СМЕ СПРЕМНИ ДА ЈА ЗАЧУВАМЕ МАКЕДОНИЈА КАКО УНИТАРНА ДРЖАВА, ДА ГИ ОТСТРАНИМЕ СТРАНСКИТЕ ДУШЕГРИЖНИЦИ, АЛБАНСКИТЕ СЕПАРАТИСТИ И ДОМАШНИТЕ ПРЕДАВНИЦИ, МОРА ОД ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА ВО ЕДЕН ДЕН ДА ДОЈДАТ ВО СКОПЈЕ БАРЕМ 500 ИЛЈАДИ ЛУЃЕ, ДА СЕ БЛОКИРА СЕ’ И СЕШТО И ДА СЕ ДАДЕ УЛТИМАТУМ ЗА ИЗБОРИ ВО НАЈКРАТОК РОК. ЦЕЛОСНАТА БЛОКАДА ДА НЕ ПОПУШТИ НИ ЗА МИНУТА, СЕ’ ДОДЕКА ИЗБОРИТЕ НЕ БИДАТ РАСПИШАНИ. КОГА СЕ БРАНИ ДРЖАВАТА НАРОДОТ Е И ИНСТИТУЦИЈА, И ЗАКОН, И СУД, И УСТАВ. РАСПИШУВАЊЕ НА ИЗБОРИ, НАРОДЕН ИЗБОР НА ДИК, А ПОТОА ПОЛИТИЧАРИТЕ ДА БИДАТ ПРИВРЕМЕНО ОСЛОБОДЕНИ. АКО ГО НАПРАВИМЕ СЕТО ТОА, ЌЕ МОЖЕМЕ ДА СЕ ВИКАМЕ ИЛИНДЕНЦИ И СЛЕДБЕНИЦИ НА НАШИТЕ ХЕРОИ.