Македонија,Крими хроника

Спроти ГТЦ ограбен скопјанец, му одзеле златен ланец

Спроти ГТЦ ограбен скопјанец, му одзеле златен ланец

На 14.09.2014 година во 01,30 часот во Скопје на ул.„Филип Втори Македонски“, наспроти ГТЦ, неколку непознати лица co закана со физичка сила, извршиле разбојништво над Р.Д.(15) од Скопје при што му одзеле златен ланец со приврзок и златен крст.

Разбојништвото сторителите го извршиле на тој начин што го удриле оштетениот со тупаница во пределот на левата слепоочница, го турнале на земја и еден од нив му го скинал ланецот и истите се одалечиле во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.