Спротивно на законот, министерот Николовски разреши над 50 вработени

По којзнае кој пат во последниве денови сведоци сме на тоталитарното поимање на демократијата од страна на СДС, вели Миле Јакимовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Имено за што се работи? Спротивно на законот, Министерот Љупчо Николовски разреши и прераспредели преку 50 вработени во Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство. Сето тоа се случи исклучиво заради тоа за да ги задоволи своите партиски и  политички причини и да испразни место и да ги стави негови партиски послушници. Имено за што се работи да биде толку хитна таа операција да се прави во период во кој  се распишани изборите и откако е на сила е мораториум за вакви одлуки кои може да влијаат врз гласачите а со самото тоа да влијаат врз избирачкиот процес, истакна Јакимовски.

Тој додаде дека да биде иронијата поголема. Некои од овие лица се распоредени и надвор од местата на живеење, а на нивно место се назначени партиски кадри на СДС, спротивно на Законот за администрација и спротивно на Изборниот законик.

-Сега ќе ви покажам еден дел од решенијата кои истиот министер ги дал и поделени се на 18 и 19 септември. Ова е криминалот што го прави СДСМ пред избори, нарушувајќи го изборниот процес. На политичките подобните лица, Министерот за земјоделство им додели овластувања за раководни позиции и државни средства на раполагање , иако за тоа немаат потребни квалификации и работно искуство кое е предвидено со позитивните законски прописи. СДС мора да престане со злоупотреба на власта и институциите. Воедно ги повикуваме сите домашни и странски организации кои се задолжени за следење на избирачкиот процес, да го испитаат овој настан, истакна Јакимовски.

Тој вели и дека народот и земјоделците одамна го прочитано СДС меѓутоа нема да им помогнат и овие незаконските притисоци за казната што ги очекува на 15 октомври. Ваквиот вид на заплашување на државната администрација ке биде контрапродуктивна. Можеме да им порачаме. Секој што прави криминал, ќе си одговара а откако ќе се врати правната држава ќе има и разврска на целиот овој случај.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.