Македонија

Спроведена акциска контрола на мотоцикли во Тетово

Спроведена акциска контрола на мотоцикли во Тетово

Полицијата во Тетово вчера изврши акциска контрола на 45 мотоциклисти и велосипедисти.

Како што информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски контролата е спроведена во периодот од 15 до 19 часот и покрај класичните моторциклисти се контролирани и трициклите и четирициклите.

Утврдени се вкупно 20 прекршоци од кои 6 управувања без возачка дозвола за што е предвидена парична казна од по 400 евра во денарска противвредност, 3 нерегистрирани моторцикли, 3 истечени регистрации, 4 лица го дале моторциклот на управување на лице што немало положено возачки испит и за што е предвидена казна од 300 евра, еден не носел соодветен заштитен шлем додека еден управувал со несоодветна дозвола.

Прекршоците се санкционирани со 19 платни налози и една покана за наплата на глоба, а седум моторциклисти биле исклучени од сообраќај.