СПУКМ: Студентите да излезат и да го искажат своето демократско право за избор на студентски лидер

Студентите денеска бираат нов лидер. Изборите започнаа во 9:00 часот на сите 23 факултети навремено и точно, а треба да завршат во 16:00 часот.

Како што информираат од Стиденстскиот Парламент (СПУКМ) До 11:30 часот изборите поминуваат во најдобар ред, со мали тенденции од одредени групации, воглавно политички мотивирани од одредени политички структури.

Од досегашните информации кои ни пристигнуваат од изборните комисии, таканаречениот „Студентски пленум“ има одредени тенденции и обиди за попречување на изборите, но до сега нема никаков посериозен случај за инцидент.  Имавме можност да видиме и директни повици од страна на „Студентскиот пленум“ за насилно рушење на избирачките кутии и заштита на истите со жив штит да ги бранат, со што нивна крајна цел била спречување на студентите да гласааат и да го искажат своето демократско право. Апелираме до сите студенти да излезат и да го искажат своето демократско право за избор на студентски лидер, со тоа што ќе се однесуваат согласно сите демократски начела. Исто така апелираме да не се повикува на насилство и рушење на демократските процеси, бидејќи секое попречување право на сопствен избор е казниво со закон. Да се избориме за силен Универзитет и силен студентски стандард, велат од Студентски Парламент.