Срамна политизација на СДСМ – вчера ги хушкаа, а денес ги плукаат докторите

Користејќи ги своите медиуми, СДСМ вчера по вооружениот напад на Клиничкиот центар во Скопје ги хушкаа докторите, а денес плукаат по нив.

Порталот Алмакос кој е финансиран од Сорос објави дезинформација дека докторот од Дигестивна хирургија кој беше застрелан со три куршуми во нога, наводно земал пари за мито во висина од 2.000 евра. Алмакос важи за продолжена рака и алатка на СДСМ за ширење на полувистини и шпекулации, пишува Курир.

almakos

Опзициската СДСМ ниту преку медиумските алатки не го осуди нападот врз докторот, а денес пак го прави корумпиран. Дополнително во текот на вчерашниот ден, СДСМ побрза да го искористи овој немил настан и користејќи ги медиумите хушкаше дека лекарите наводно не биле задоволни и беа да почекаат расветлување на случајот истиот го искористија да побараат оставка од министерот за здравство Никола Тодоров.

СДСМ и наспроти брзата реакција на институциите за разрешувањето на случајот и пронаоѓање на сторителите, изврши политизација на истиот и сето тоа на грбот на лекарите.

Полицијата вчера ги уапси двајцата браќа кои го нападнаа докторот и на двајцата им поднесоа кривични пријави. Судија на претходна постапка на двајцата им одреди притвор во вмертаење од 30 дена.