СРАМНО: Краделе среде хаосот во поплавените подрачја

Срамно – тешка кражба се случила среде поплавите во Скопје.

Тешката кражба е извршена на обиколница Стајковци каде непознат сторител со употреба на подесен предмет насилно ги отворил резерварите на три товарни возила сопственост на „Илинден-АД“ Струга при што одзел 240 литри дизел гориво.

Исто така кривично дело „кражба“ е извршено во село Црешево каде од дворно место се одземени девет железни шипки со должина од 12 метра по парче, 210 железни узенгии, и втората кражба е извршена во Економија (Сингелиќ) каде од дворно место е одземен мобилен телефон.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на кривичните дела.