Срби нападнати во Скопската Чаршија среде бел ден

Српски туристи среде бел ден биле нападнати во скопската Чаршија. Како што информира МВР инцидентот се случил вчера околу 16,50 часот во Старата Скопска Чаршија.

Двајцата српски државјани Н.Д.(23) и С.С.(25) од Р.Србија биле физички нападнати од повеќе непознати лица при што едно од лицата со нож му нанел убодна рана на Н.Д. во пределот на градниот кош.

Истиот бил пренесен во Ургентниот Центар-Скопје каде му се констатирани тешки телесни повреди.

Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.