Срби повторно се тепале на Закинтос

Срби повторно се тепале во Грција, пишуваат медиумите од регионот, а конзуларната служба на амбасадата на Србија во Атина засега нема информации дека дошло до тепачна на Закинтос меѓу група Срби и двајца Швајцарци.

Грчките медиуми пренесуваат дека дошло до тепачка меѓу група Срби и двајца Швајцарци. Наводно едниот од Швајцарците е префрлен во болница и хоспитализиран, а другиот имал помали повреди по рацете.

Инцидентот привлекол големо внимание на тамошните угостители кои сметаат дека нетрпеливоста меѓу Србите и Британците и Американците мора да престане.

По убиството на американскиот турист на Закинтос, грчките медиуми посветуваат големо внимание на тепачките кои се случуваат низ грчките острови.