Србија: 13 години од убиството на Зоран Ѓинѓиќ

Денеска се навршуваат 13 години од атентатот на првиот демократски избран премиер на Србија и лидер на Демократската партија, Зоран Ѓинѓиќ.

Во него беше пукано при влегувањето во зградата на Владата на Србија.

Членовите на српската Влада, предводени од премиерот Александар Вучиќ утрово положија венци на спомен-плочата во седиштето на владата, на местото каде беше убиен Ѓинѓиќ.

Поради организирање на убиството на премиерот, на 40 години затвор осуден е поранешниот командант на специјалните полициски единици „црвени баретки“, Милорад Улемек. На иста казна осуден е и Звездан Јовановиќ, непосреден извршувач на убиството и поранешен заменик на Улемек.

Политичката позадина на убиството на Ѓинѓиќ се уште не е позната.