Републичката изборна комисија до овој момент регистрирала 11 избирачки листи, на кои има претставници од вкупно 33 партии, движења, здруженија и синдикати, а бројот на регистрираните учесници во изборите може да достигне и до 50, пишува денеска српскиот весник „Вечерње новости“.
Весникот посочува дека ваквиот екстремен повеќепартиски амбиент не е невообичаен за Србија, бидејќи по изборите во 2012 во Парламентот имаше 45 различни политички партии.