Србија: Ако признаете дека сте пиеле, казната ќе ви се преполови

Србија воведува нова мерка при казнувањето. Ако пред полицаецот го признаете сообраќајниот прекршок половина ви се простува и паричната казна значително ќе ви биде намалена.

Интересно е што можете да признаете и дека сте пијан. Кога полицаецот ќе ве праша, дали сте пиеле нешто, а вие почнете да му ги редите пијачките, можеби и ќе спасите половина казна, но само доколку по алкотестот, апаратот покаже дека имате помалку од 1,2 промили алкохол во крвта.

Меѓутоа со оваа мерка не се опфатени предвидените фиксни казни, како на пример, поминување на црвено светло.