Србија денеска гласа за нов состав на парламентот

Во Србија утрово со отворање на гласачките места во седум часот започнаа вонредните парламентарни избори, како и избори за Собранието на Белград.

Право на глас на републичките избори имаат шест милиони 765 илјади 998 граѓани.

Српските државјани кои живеат во САД веќе го остварија своето право на глас, а денеска се отворени гласачките места ширум Европа.