Србија доби 11,9 милиони евра помош за поплавите

На сметка на Владата на Србија за помош на загрозените во поплавите уплатени се  околу 11,9 милиони евра, објави Министерството за финансии на Србија.

Според податоците на Министерството, до 26 мај, на динарската сметка за помош на загрозените во поплавите уплатени се 1.120.246.784 динари (околу 9,68 милиони евра).

На девизната сметка уплатени се 702.522 евра, 261.122 долари, 14.960 швајцарски франци, 376 британски фунти, 1.003.000 руски рубљи, 1.550 норвешки круни, 700 дански круни, 2.200 шведски круни и 100 канадски долари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.