Србија: Дојава за бомба во Палатата на правдата

Во тек е евакуација на Палатата на правдата во Белград по телефонска дојава за бомба, дознава српската телевизија „Б92“.

Се очекува српското Министерство за внатрешни работи да ги приовери просториите по што ќе биде објавено дали станува збор за вистинска бомба или за лажна тревога.

Зградата во изминатите десетина години беше повеќе пати евакуирана поради анонимни дојави за бомби кои досега скоро сите биле лажни.