Србија: Двајца полицајци вратиле паричник со 1.700 евра

Полицискиот синдикат на Србија го пофалил гестот на двајца колеги од Полициската управа на Крагуевац, кои нашле паричник со 1.700 евра,а  потоа го му го вратиле на сопственикот.

„Сообраќајните полицајци Велизар Антониевиќ и Ненад Свичевиќ пронашле паричник со пари. Го исконтактирале сопственикот за да му ги вратат парите. Тој им предложил парична награда, и инсистирал на тоа, но тие одбиле“, рекол претседателот на српскиот полициски синдикат, Вељко Мијаиловиќ.

Таквата постапка е за пофалба, бидејќи иако тоа е една од основните задачи на полицајците, да им помагаат на граѓаните, ова е гест кој што заслужува внимание.