Србија ги намалува пензиите за 20 отсто

Со ребалансот на буџетот, на кој Владата на Србија рабти на големо, пензиите од есен ќе бидат намалени за 20 проценти линеарно, пишува српски Курир. Весникот имал увид во работната верзија на планот за ребалансот, а со кој е предвидена заштеда од над 100 милијарди динари преку намалување на пензиите.

„Поради лошата слика на јавните финансии, големиот дефицид и сè поголемите камати кои стигнуват од претходно земените кредити, Владта е приморана на овој чекор и никој не е среќен поради тоа. Премиерот бараше од членовите на својот тим да се испитат сите можни опции за неоходните заштеди за да може барем пензионерите да бидат поштедени, но резултатите и пресметките покажаа дека без намалување на пензиите, консолидација на буџетот не е можна“, објаснува соговорникот на српски Курир.

За спас на Србија биле разгледувани неколку можности. Новиот министер за финансии предложил минимално намалување на платите и пензиите до 10 проценти, но со евентуално зголемување на ДДВ-то, што би било товар за сите граѓани на Србија, а без гаранција дека тоа би ја пополнила државната каса.

Најсериозно предупредување српската влада добила од Фискалниот совет, со образложение дека заради одржливост на јавните финансии неопходно е намалување на дефицитот од сегашните 8,5% БДП на помалку од три, односно од сегашните 2,6 милијарди евра на помалку од милијарда, што пред се би подразбирало и намалување на платите и пензиите за 15 проценти.

Најреалните пресметки ги дале работодавачите, кои спасот на земјата го виделе во намалувањето на пензиите по моделот „20 проценти“, а платите во јавниот сектор за 25 отсто нагласувајќи дека е „подобро сега 20 отсто отколку подоцна 40“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.