Србија: Граѓаните најмногу му веруваат на Вучиќ

Триесет проценти од српските граѓани веруваат најмногу на премиерот и лидер на Српската напредна партија Александар Вучиќ, покажуваат резултатите од најновото истражување на агенцијата Ипсос стратеџик маркетинг, пренесува МИА, повикувајќи се на Радио Б92.

Десет пати помалку или само три проценти веруваат на лидерот на Социјалистичката партија на Србија и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ.

Следни на листата се лидерите на новата Социјалдемократска партија и на радикалите Борис Тадиќ и Војислав Шешељ со по два проценти и лидерот на втораат Социјалдемократска партија Расим Лајиќ, кој има еден процент доверба.