Србија и Германија преку директна покана од ИХФ ќе играат на СП во Данска

Репрезентациите на Србија и Германија се последните учесници на Светското првенство во ракомет во женска конкуренција.

И покрај фактот што преку баражите не успеаа да обезбедат пласман, женските ракометни репрезентации на Србија и Германија добија специјална покана од ИХФ да бидат дел од Мундијалот што годинава ќе се одржи во Данска.

Србија во баражот беше елиминирана од Романија додека Германија не успеа да ја мине селекцијата на Русија.

Србија на последниот Светски шампионат го освои среброто додека Германките стигнаа до седмата позиција и токму поради овие пласмани имаа предност во однос на Хрватска, Словачка и Чешка.