Србија и Хрватска пред исфрлање од УЕФА, Македонија е безначајна

Прославениот српски фудбалер и потпретседател на ФСС, Иван Чурковиќ, вели дека ФИФА и УЕФА имаат план да се пресметаат дефинитивно со хулиганизмот на овие простори.

Чурковиќ вели дека е можна суспензија на националните тимови, поради лошата организација на натпреварите од страна на нивните фудбалски сојуз. Србија и Хрватска се најпроблематични, а според Чурковиќ, Македонија е безначајна во таа смисла.

“УЕФА за Хрватска, Србија и Црна Гора има дебели досиеја. Од балканските земји единствено Словенија не е на пик, затоа што Словенија и не е фудбалска нација, а Македонија е во таа смисла безначајна” – вели Чурковиќ кој важи за влијателен човек во европските фудбалски кругови и близок човек на претседателот на УЕФА, Мишел Платини.

“УЕФА тргнува во акција да ги дисциплинира Балканците. Одлучија да се пресметаат со се што е негативно од овие простори. Имам добри информации и бидете сигурни дека Хрватска и Србија се пред исклучување од натпреварувањата под закрила на ФИФА и УЕФА. И тоа на време од три до пет години. Сојузите се немоќни. Со хулиганите може да се пресмета само државата, ако го сака тоа секако”
– нагласува Чурковиќ.