Србија и Унгарија ќе играат за титулата на ЕП во ватерполо

Репрезентациите на Србија и на Унгарија ќе играат во финалето на Европското првенство во ватерполо кое се одржува во Будимпешта, откако во полуфиналните пресметки, по драматични завршници, беа подобри од Црна Гора односно Италија.

Србите до финалето стигнаа со победата над Црна Гора од 10:9 и тоа благодарение на последната четвртина која ја одиграа извонредно добивајќи ја со три гола разлика.

Претходно Црногорците одлично го почнаа дуелот, имаа предност на стартот и од 5:1, потоа имаа предност и од 8:4, но не успеаја да го издржат притисокот на крајот дозволувајќи пораз од 10:9

На првата полуфинална средба Унгарија по голема борба славеше против Италија со 8:7. Најефикасен кај Унгарците беше Норберт Хосниански со три гола, додека Андор Варга постигна два. Кај Италијаните се истакна Валентино Гало со два погодоци.