Србија ја одбрани титулата

Ватерполо репрезентација на Србија ја одбрани европската титула освоена пред две години во Холандија, откако во финалето на Европското првенствово Будимпешта го совлада домаќинот Унгарија со 12:7.
Србите доминираа во текот на целиот натпревар и по почетната предност, не му дозволија на противникот да стигне до помалку од три гола негатива, што беше најава за рутински финиш на мечот. Решавачка четвртина беше втората која „делфините“ ја добија со 4:1 и по два периоди имаа предност од 7:2. За Србите ова е трета европска титул, претходно ја освоија во 2006 и 2012 година.
Во борбата за бронзениот медали, Италија ја совлада Црна Гора со 11:9.