Балкан

Србија: Камили, теписи, портрети, шолји… Ова се дел од подароците на државниците

Србија: Камили, теписи, портрети, шолји… Ова се дел од подароците на државниците

Српските политичари во текот на минатата година добивале различни податоци, од фигури камили, до рачно изработени теписи и портрети.

Александар Вучиќ лани добил два подарока, и двата од Емиратите, вредни само 1.200 српски динари или околу десет евра. Принцот престолонаследник и шеик на Обединетите Арапски Емирати, Мухамед бин Заед, му подарил слики со мотиви од ОАЕ. Иако подарокот дошол од Емиратите чинел само девет евра.

Вториот подарок бил камила од пластика, кој пристигнал од директорот на компанија „Earth“, Ал Хусени, кој што имал симболична вредност од само три ипол евра.

За разлика до Вучиќ, во претседателската резиденција во текот на 2013-та година, пристигнале 115 подароци.

При посетата на Бин Заед, Николиќ добил кралски рачно изработен тепих, еден од 80-те од колекцијата „Големата џамија на шеикот Заед“. Интересно е што на подарок Зау Тун, амбасадор на Мјанмкарската унија, му донел два портрета, негов и на неговата сопруга.

Поради поголемата вредност, портретите ќе останат во сопственост на државата.

Највредните подароци на премиерот Ивица Дачиќ пристигнале од Русија.

Од Дмитриј Медведев добил масло на платно од Сергеј Тумаков, додека Владимир Путин му подарил комплет чинии.