четврток, 27 јули 2017  |  Вести денес: 9

Србија ќе го повлече признавањето на Македонија, под еден услов

Српското признавање на Македонија под нејзиното уставно име од почетокот е проблематично, поради односот меѓу Белград и Атина, имајќи предвид дека Грција е најблиската балканска сојузничка на Србија, вели аналитичарот Гајиќ.

sredba prem Zaev so prem Brnabic 2

Поврзани вести

Дали односите меѓу Србија и Македонија се дополнително влошени по изјавата на шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ дека Србија згрешила што Македонија ја признала под нејзиниото уставно име, ова прашање го поставува во четвртокот белградскиот издание на руската меѓународна агенција Sputnik.

Србија згреши со тоа што Македонија ја призна под нејзиното уставно име, изјави во Грција српскиот министер Ивица Дачиќ најавувајќи реципрочни одговори во иднина од официјален Белград во однос на Скопје во зависност од однесувањето на тукашните власти. Неговиот македонски колега по должност, Никола Димитров, рагираше со помирливо интонирана изјава изразувајќи желење за изјавата на Дачиќ.

Српско-македонските односи се нарушени уште откако Македонија меѓу првите држави ја призна во 2008 година со поддршката на САД и на главните земји од ЕУ еднострано прогласената независност на албанските власти во поранешната јужна српска покраина Косово и Метохија. Потензични станаа и со македонската поддршка на косовското барање за членство во УНЕСКО.

Српското признавање на Македонија под нејзиното уставно име од почетокот е проблематично, поради односот меѓу Белград и Атина, имајќи предвид дека Грција е најблиската балканска сојузничка на Србија, вели за Sputnik аналитичарот од белградскиот Институт за европски студии, Стеван Гајиќ.

„Прашањето на Македонија секогаш беше коска во грлото во односите со Грција. Сега, можеби, е дојдено времето со Грција да се поправат односите на штета на македонското име. Доколку Србија е принципиелна држава, тоа одамна би било сторено, поради тоа што Македонија на најдиректен можен начин го загрозува суверенитетот и територијалниот интегритет на Србија непризнавајќи дел од нејзината територија“, вели Гајиќ потсетувајќи на ставовите на официјално Скопје во однос на Косово.

Изјавата на Дачиќ, како што смета Гајиќ, треба да се разгледува во заднината на позицијата на Скопје кон новото гласање за приемот на Косово во УНЕСКО коешто се очекува во ноември. Српскиот аналитичар смета дека не ќе е одвишно Србија да изврши притисок врз сите држави врз кои може поради ова за Белград чувствително прашање.

Иако на прв поглед односите меѓу Белград и Скопје имаат негативен тренд, тие сепак нема да се влошуваат, смета, пак, македонскиот новинар и аналитичар Бранко Ѓорѓевски.

„Македонија ја боли кога се даваат изјави дека Србија згрешила со тоа што ја признала под уставноното име. Ние во Македонија сме многу чувствителни кога станува збор за тоа и секоја изјава во тој поглед нé погаѓа“, вели Ѓорѓевски.

Меѓутоа, смета со сигурност дека односите нема да одат на удолна линија, а тезата ја поткрепува со изјавата на македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров и неговата умерена изјава на социјалните мрежи.

„Се отвора една од најголемите европски перспективи на регионот. Сведоци сме на состанокот во Трст, новите инвестиции, големи инфраструктурни проекти се во прашање. Мислам дека никому не му е во интерес политичките прашања да ги нарушат економските проекти, кои се најважни за граѓаните од регионот“, вели Ѓорѓевски.

Признава дека сепак Србија во одреден момент ќе се раководи од своите итнереси во процената дека Грција ѝ е поголем пријател од Македонија, особено кога станува збор за Косово, за што Ѓорѓевски оценува дека особено е болно за Белград.

„Меѓутоа, ќе видиме што ќе донесе иднината. Македонскиот премиер (Зоран) Заев најави дека Македонија ќе биде воздржана кога е во прашање гласањето околу евентуалниот нов прием на Косово во УНЕСКО. Доколку не се лажам, таквиот став на Македонија ѝ одговара на Србија“, вели Ѓорѓевски.

Сепка, тоа што може да загрижува е евентуалното менување на споменатиот став на македонскиот премиер, имајќи ги предвид можните притисоци од абанскиот дел од македонската Влада, како и од меѓународната заедница којашто го турка приемот на Косово во УНЕСКО, како и во други меѓународни организации.

„Навистина бев изненанден кога Заев изјави дека Македонија ќе биде воздржана кога станува збор за приемот на Косово во УНЕСКО. Сепак, македонската влада е коалицона, нејзиното опстанување зависи од ставот на албанските партии. Кога пред неколку месеци ја даде оваа изјави албанските парии, неговите коалициони партнери, веднаше рекоа дека нема да бидат во Владата доколку така гласа. Чекам да видам дали Заев ќе остане на таквиот став. Се чини дека тоа нема толку лесно да мине како што зборува во интервјуата и во изјавите“, појаснува Ѓорѓевски додавајќи дека е сигурно оти меѓународниот фактор, во прв ред Вашингтон, го посакува приемот на Косово во УНЕСКО.

Мисли дека Белград нема да се реши на драстичниот потег: повлекувањето на признавањето на Македонија под нејзиното уставно име.

„Пред сé, мислам дека на политиката којашто ја води Белград не ѝ е во интерес влошување на односите во регионот. Доколку се случи тоа, тоа би значело нарушување на односите меѓу важните држави на Западниот Балкан. Кога Србија и Македонија би имале влошени односил тоа никому не би му одговарало“, заклучува Ѓорѓевски.

 

Најчитани вести