Србија ќе казнува 10 години затвор за војување во странски војни

Српскиот парламент денеска ги усвои измените и дополнувањата на Кривичниот законик со кои се воведуваат кривични дела за учествување во војна или вооружен судир во странска држава и организирање на тоа учество.

За дополнувањата гласле 172 пратеници, додека против немало.

Кога законот стапи на сила, секој кој и понатаму учествува во војна или вооружен судир надвор од Србија, направил кривично дело и ќе биде казнет од шест месеци до пет години затвор, ако учествувал како поединец.

Ако учествува во група предвидена е казна од една до осум години затвор, додека за организаторите прописната казна затвор е од две до 10 години.

Како што наведува предлагачот, усвоените дополнувања ќе обезбедат подобра заштита на граѓаните и на основните социјални вредности, бидејќи одреден број на државјани на Србија се придружуваат на паравоените формации надвор од земјата, а после враќањето стануваат носители на пропагандно дејствување и ги поттикнуваат граѓаните на учество во воени судири во други земји.