Србија: Момче со пресечен грклан и тројца повредени

Обезбедувач на градилиште во Србија масакрираше три пијани момчиња кои гo нападнале.Тие најпрво го скршиле стаклото од неговата кабина, а потоа дивјачки го претепале.

„Чуварот едвај застана на нозе. Извадил нож и го зарил во едното момче, а малку му го пресекол и гркланот. Крв имаше на сите страни, му течеше од устата и носот. Сите баравме помош. Чуварот видно претепан, вознемирен гледаше само во една точка. Лицето му беше изобличено. Премногу го тепале, вели очевидец.

Итната помош ги пренела во Ургентен центар Г.С. (19) со исечен врат, П.Ф. (20) со повредена рака и Д.А. (19) со исечени прсти и повредена дланка со кои се здобил кога го кршел прозорот.

Во болница е пренесен и чуварот со огромен број на модрици и исеченици.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.