Србија може да остане без автогас

Зголемувањето на акцизите за течниот нафтен гас (ТНГ) во Србија, би можело да доведе до исчезнување на овој енергенс од српскиот пазар, предвидуваат експертите, пренесе МИА, повикувајќи се на Б92.

Од 2011 година акцизите на автогасот во Србија се зголемени за 127 отсто од 11,76 динари (10 евро центи) за литар на 26,64 динари (22 евро центи).

Од сегашната цена на гасот од 76,26 динари (62 евро центи), само околу 40 динари (33 евро центи) остануваat за компаниите, а остатокот го зема државата, наведуваат експертите, додавајќи дека делот од цената на енергенсоt што завршува во државната каса, кој ги вклучува акцизите, даноците и надоместоците за задолжителнитe резреви, се зголемил за 47,7 проценти.

Поради растот на цената, поторшувачката на овој дериват во Србија во 2014 година е намалена за 13 отсто.

Според експертите, доколку продолжи ваквиот тренд, Србија може да се најде во ситуација во која производството и продажбата на ТНГ би биле нерентабилни и енергенсот би можело да го снема од српскиот пазар.