среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 17

Србија: Мртов маж пронајден во куќа, а жена искасапена во дворот

Како што пишуваат локалните медиуми, 53 годишен маж е пронајден мртов во сопствениот дом, а во дворот од куќата со повеќе рани, најверојатно од ноќ лежела неговата 48 годишна сопруга.

policija-1332510940-138674

Последни вести

Жена со неколку убоди од нож, соседите ја пронашле пред нејзиниот дом, додека сопругот бил мртов внатре во куќата. Вистинска семејна драма вчера вечерта ги потресе жителите на Крагуевац, Србија.

Како што пишуваат локалните медиуми, 53 годишен маж е пронајден мртов во сопствениот дом, а во дворот од куќата со повеќе рани, најверојатно од ноќ лежела неговата 48 годишна сопруга.

Соседите за српските медиуми велат дека слушнале расправија во домот, која ескалирала, по што повикале полиција.

Жената била префрлена во болница и се наоѓа надвор од животна опасност. Нема информација дали парот имал деца.

Мажот имал психички проблеми и подолг период се лечел од депресија. Истрагата треба да покаже, дали станува збор за убиство или пак за самоубиство.

Најчитани вести