Србија: На 29 јануари Николиќ ќе закаже предвремени парламентарни избори

На 29 јануари ќе бидат закажани предвремени парламентарни избори во Србија, пишува денеска српскиот весник „Политика“.

Според изданието изборите ќе бидат закажани од претседателот Томислав Николиќ и најверојатно ќе се одржат заедно со локалните избори во Белград на 16 март. Информациите за предвремените избори биле потврдени за весникот од различни извори од владејачката коалиција.