сабота, 26 ноември 2016  |  Вести денес: 12

Србија најавува мерки за справување со приливот на бегалци

srbija

Поврзани вести

Србија е подготвена за секое можно сценарио околу бегалскиот бран, но нема да го забавува миграциското движење во случајот со затворање на границите, изјави денес српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ.

Како што јави Танјуг, нагласувајќи дека Словенија го забавува движењето на имигрантите со мерката за прием на по само 2,000 лица дневно, Стефановиќ истакна дека Србија ќе преземе мерки за сопствена заштита ако таквата одлука не се промени.

– Кај нас влегуваат по 8.000 бегалци дневно, а натаму ќе ножеме да пропуштаме само по 2.000. Тоа значи дека дневно ќе остануваат по 6.000 луѓе во Србија. Така за пет дена би имале 20.000 или 30.000 лица кои фактички би останале кај нас и затоа ние бараме решение од Европа, истакна Стефановиќ.

Иако, Словенија и Австрија официјално не ги затворија своите граници, додава српскиот министер, оградите и натаму се градат и движењето на имигрантите е успорено.

Денеска ќе заседава српското Биро за координација на службите за безбедност, а Стефановиќ најави дека ќе се разговара за можните мерки за справување со порблемот со бегалците

На прашањето дали би можел на српскиот премиер Александар Вучиќ да му предложи да го успорат движењето на имигрантите, Стефановиќ рече дека Србија се обидува да биде „коректен партнер“ со сите држави во регионот и дека тоа може да биде само привремено решение и во мал обем.

– Можеме до го забавиме миграциското движење два, три или пет часа, но тоа не значи дека тие имигранти можат да останат тука. Ниту тие го сакаат тоа, ниту Србија има економска моќ да прими толку луѓе, изјави Стефановиќ.

Најчитани вести