Србија не го следи чекорот на Македонија и Хрватска за отпис на долгови

Иако Македонија и Хрватска им помогнаа на своите најзагрозени граѓани така што им ги отпишаа долговите кон банките, комунслните претпријатија и телефонските опертатори, власта во Србија, каде околу 140.000 луѓе живеат во глад, не размислува за преземање на ваков чекор, објавува спрски Курир, а пренесува НетПрес.

Имено, потпретседателката на Владата, Зорана Михајловиќ, министерот за труд и социјални прашања, Александар Вулин, како и министерот за финансии, Душан Вујовиќ не одговорија на прашањата дали најзагрозените граѓани на Србија можат да очекуваат помош од државата во вид на отпис на долгови.

Социјална карта

Судејќи по претходните изјави за тоа, најпрво би треба да се изработи социјална карта, за точно да се утврди на кому му е помошта најпотребна. Засега е познато дека Србија има повеќе од 600.000 корисници на постојана и повремена парична помош и дека околу 140.000 лица живеат во глад. Исто така, секој втор граѓанин помлад од 25 години е невработен, а се бележи и се поголема сиромаштија кај оние кои живеат од плата.

Но, додека власта ја врти главата од најсиромашните, претседателот на НОПС, Горан Паповиќ вели дека наскоро ќе се започне процедура за отпис на долгови.

„Државата треба да им помогне на загрозените бидејќи тие не се виновни за лошата ситуација. На отписот на долгови мора да му претходи носење на јасни критериуми и една таква акција не би смеела да зависи како некои порано кои се сведувале на повикување на граѓаните да не плаќаат сметки за струја“, вели Паповиќ.

Внимателно со банките

Економистот Милан Ковачевиќ смета дека треба да се биде внимателен со отпишувањето на долговите на граѓаните кон банките.

„Не може да се спасуваат граѓаните, а истовремено да се уништуваат банките, кои во Србија и онака немаат сјајни резултати за нивната работа. Тоа би била неразумна мерка и државата би пратила посебна порака како земајте кредити од банките, а ни ќе ви ги отпишеме“, вели Ковачевиќ.

Додека дел од граѓаните на Србија кои живеат во грч и немаштија сеуште чекаат реакција од државата, најзагрозените Хрвати вчера започнаа со предавање на барањата за отпис на долгови. Во програмата која хрватската власт ја нарече „Нов почеток“ се опфатени околу 60.000 најсиромашни граѓани кои должат до 4.550 евра, а сметките им се блокирани подогло од една година.

Факти и услови за отпис на долгови

Македонија:

– Годишните примања да не надминуваат повеќе од 1.700 евра
– Приматели на социјална помош, невработените и оние кои се изложени на социјален ризик

Хрватска:

-Долг до 4.550 евра
-Месечни приходи до 325 евра
-Сметки блокирани повеќе од 365 дена
-Немаат ништо во своја сопственост