Србија нема да дозволи нова „Олуја“ на Косово

Ги замолив луѓето во Косово да не се плашат, бидејќи Србија ќе стори сé за да го зачува мирот и безбедноста во покраината, рече српскиот претседател Александар Вучиќ по седницата на Советот за национална безбедност.

Нема да има нова „Олуја“ на Косово, српската држава нема да ја дозволи. Сè правиме, се ќе дадеме за мир, безкомпромисно сме ориентиран кон мирот, рече Вучиќ, истакнувајќи дека на седницата биле донесени некои одлуки кои не се за јавност.

Сепак, тој појасни дека такви одлуки во иднина ќе има повеќе, а со цел да се подобри позицијата на српските војници и припадниците на разузнавачки служби, како и зајакнување на армијаа за да се задржи чекор со светот и да биде во можност да одговори на предизвиците во регионот.

Во врска со Косово, Вучиќ рече дека нема решение на повидок и дека не е оптимист во врска со ова прашање.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.