Србија нема да превземе санкции против Русија

Србија нема да превзема никакви мерки против Русија, изјавил српскиот министер за надворешни работи Иван Мркиќ, пренесе денеска весникот „Блиц“. Според Мркиќ повеќето земји во Европската унија ја разбираат специфичноста на Србија и нејзината историја.

„Членството во ЕУ е еден од приоритетите на надворешната политика. Србија ќе ги прифати и извршува обврските, но не е избор меѓу истокот и западот“, изјавил Мркиќ.