понеделник, 24 јули 2017  |  Вести денес: 80

Србија ќе го испитува нигерискиот доктор за вмешаноста на Тачи со трговија на органи

Српското обвинителство за воени злосторства испрати барање до надлежните органи на Нигерија за разговор со д-р Филип Нџеманзи кој го обвини Тачи за трговија со човечки органи, јавува Б92.

taci

Последни вести

Српското обвинителство за воени злосторства испрати барање до надлежните органи на Нигерија за разговор со д-р Филип Нџеманзи кој го обвини Тачи за трговија со човечки органи, јавува Б92.

Нџеманзи рече дека Хашим Тачи, заедно со Рохас Окороц, тргувал со органите на киднапираните Срби во Косово и Метохија.

Барањето е направено во согласност со одредбите на меѓусебна правна помош, преку Министерството за правда на Србија, според соопштението од тамошното Обвинителство.

На овој начин, како што се посочува, е започнат процесот кој ќе овозможи сослушување на лицето кое има сознанија за можната трговија со човечки органи во Косово и во северна Албанија.

Обвинителството во овој случај испита досега 160 сведоци.

Во соработка со специјалниот истражен тим на ЕУЛЕКС, со поддршка од институциите на Србија, интервјуирани се повеќе од 200 сведоци на територијата на Србија.

Специјалниот истражен тим спроведе истрага во неколку земји во врска со злосторствата на ОВК на Косово и Метохија, во периодот од 1998-2000, што ќе добијат епилог пред неодамна формираниот Суд за ОВК во Хаг.

Најчитани вести