Србија официјално го превзема претседавањето со ОБСЕ

Србија денеска официјално ќе го преземе од Швајцарија претседавањето со ОБСЕ на Постојаниот совет на оваа организација во Виена.

Српските власти веруваат дека тоа ќе биде можност земјата да се покаже како конструктивен и сериозен политички партнер во екот на украинската криза, која ги заостри односите меѓу Западот и Русија.

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ пред Постојаниот совет ќе ги изложи приоритетите за време на претседавањето, а Србија, како што изјави, ќе има многу сериозна должност – да се труди да биде кредибилен претседавач кој ја ужива довербата на сите страни и кој ќе преземе мерки и чекори во правец на деескалирање на судирите и конфликтите.

– За нас ќе биде од суштинско значење дали ќе ги оправдаме очекувањата. Сите не поддржуваат во тоа и за нас ќе биде една голема обврска, а истовремено и дел од нашите севкупни надворешнополитички активности за подобрување на меѓународната положба на земјата, како и нераскинлив дел од целосната владина политика, нагласи српскиот министер за надворешни работи.