Србија отпушта 70.000 административци

Бројот на вработени во државната администрација во Србија од 2015 до 2017 година ќе се намалува за 20.000 до 25.000 годишно.

Овој план е дел од фискалната стратегија на српската Влада до 2017 година, дознава весникот „Блиц“.

Идејата е во секоја од следните три години масата на плати во јавниот сектор да се намалува за пет отсто.

Во првата година, со оглед на фактот дека токму тогаш стапуваат во сила измените во законот за Пензиско и инвалидско осигурување -ПИО, најмногу луѓе од државната служба ќе заминат во пензија или речиси четири отсто од вкупниот вишок луѓе. Следните две години просечниот одлив на луѓе кои денеска работат за државата (со исклучок на локалната самоуправа и јавните претпријатија) треба да изнесува околу два отсто. За секоја година граничната линија е 30 јуни.

Иако во српската Влада нема официјална потврда, како што „Блиц“ дознава, токму овој дел од фискалната стратегија за 2015 година, со неговите шанси за 2016. и 2017., беше еден од клучните во преговорите со ММФ.

– ММФ, секако, не пресметува колку луѓе ќе си заминат од државна служба, туку го следи јавниот сектор само преку масата на плати што треба да се исплатат од буџетот. Начинот на кој луѓето ќе ги заминат, доколку не подразбира некои исклучително високи отпремнини, не е во фокусот на интерес на Фондот, објаснува изворот на „Блиц“.

Весникот дознава дека сличен план се подготвува и за локалната самоуправа, додека бројот на вработени во јавните претпријатија ќе се разгледува одвоено од фирма до фирма.

– Бидејќи јавните претпријатија не се финансираат од буџетот тие во таа смисла не се во овој дел од планот на фискалната стратегија.