Србија ги отвора првите поглавја од преговорите со ЕУ

Србија денес на меѓувладина конференција во Брисел ќе ги отвори првите две поглавја во преговорите со ЕУ, со што ќе почне новата етапа во процесот на европските интеграции на земјата, пренесува „Танјуг“.

Српската делегација на втората меѓувладина конференција на која ќе биде отворено Поглавјето 32, што се однесува на финансиската контрола и Поглавјето 35 посветено на нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина ќе ја предводи премиерот Александар Вучиќ.

Владината делегација ќе биде предводена од премиерот Александар Вучиќ
Владината делегација ќе биде предводена од премиерот Александар Вучиќ

Вучиќ претходно изјави дека Србија е апсолутно подготвена за отворање на првите поглавја, посебо две години по формалното придвижување на пристапните преговори со ЕУ.

Тој очекува Поглавјето 32 брзо да биде затворено, додека, како што вели, Поглавјето 35 ќе биде потешко и ќе остане отворено до крајот на процесот за пристапување на Србија кон ЕУ.