Србија: Пијан гинеколог сакал да изврши абортус врз бремена жена

54-годишниот Братислав Тодоровиќ, гинеколог во болницата во Ниш се обидел „мртов пијан“ со 2.009 промили алкохол во крвта со сила да изврши абортус на една трудница.

Кога вработените и обезбедувањето го спречиле во таа намера, им се свртил на нив и почнал физички да се пресметува. Интервенирала полицијата, па против овој доктор е поднесена кривична пријава поради нарушување на јавен ред и мир, а болницата ќе му поднесе прива поради тешки повреди на работната должност.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.