Србија: Платата од 17.819 евра, си ја зголемил за 1.700 евра

Додека Владата на Србија повикува на стегање на коланот и драстични мерки на штедење, Душан Бајатовиќ, директор на Јавното претпријатие „Србијагас“ си ја зголемил платата за 206.780 динари или 1.681 евро, пишува српски Курир, а пренесува НетПрес.

Така овој државен тајкун, како што обожува сам себе да се нарече, додека на народот му ги намалува платите и пензиите, месечно инкасира дури 2.389.708 динари, односно 19.500 евра.