Србија подготвена да преговара со ЕУ за Косово

Србија е подготвена за отворање на поглавјето 35 во кое се работи за преговори со Европската Унија за Косово, изјави шефицата на преговарачкиот тим на Владата на Србија со ЕУ, Тања Мишчевиќ.

„Наше е да бидеме подготвени. Не знам кога може да се очекува отворање на ова поглавје, бидејќи државите членки одлучуваат за тоа, мора да постои консензус од сите“, наведува Мишчевиќ.

На прашањето дали поглавјето за Косово е првото кое ќе биде отворено, како и кога може тоа да се очекува, таа вели дека тоа е прашање за државите-членки на ЕУ.

Мишчевиќ додала дека во тек е усојување на преговорачките позиции за поглавјето 32.

„Токму Комитетот за проширување на Советот на ЕУ му го испрати на Комитетот на постојани претставници на ЕУ предлогот за заеднички преговорачки позиции од поглавјето 32, за финансиите, и тоа е на еден чекор од неговото усвојување“, наведува таа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.