Србија: Поради штрајк на учителите, часовите скратени нa 30 минути

Четирите најголеми синдикати во сферата на образованието во Србија денеска почнуваат штрајк во основните и средни училишта, каде часовите ќе бидат скратени на 30 минути, објави МИА.

Синдикатите кои штрајкуваа и во септември и октомври бараат да бидат изземени од одлуката за намалување на платите.

Организаторите очекуваат повеќе од илјада училишта да го поддржат штрајкот. Тие тврдат дека штрајкот ќе трае до исполнување на барањата.

Во петокот претставници од синдикатите имаа средба со министерот за образование Срѓан Вербиќ, но не се откажаа од штрајкот.