Србија преку Франција до финале на Мундобаскетот во Шпанија

Нашиот северен сосед во неверојатна завршница успеа да го сочува водството обезбедено по одигрувањето на втората четвртина. Србија уште по првиот период направи мала разлика, која ја зголеми во вториот период, а потоа успеа да ја одржува разликата, иако во последната четвртина Французите опасно се приближија.

Најефикасен во победата на Србија беше Теодосиќ со 25 поени, а на спротивната страна Батум постигна 35 поени, но тоа беше премалку за избегнување на поразот.

Финалето се игра во недела, додека вечерва на програмата е пресметката за третото место помеѓу Литванија и Франција.