Србија: Првата седница на Парламентот ќе се одржи на седми април

Првата седница на новиот состав на српскиот арламент и формирањето на Владата ќе завршат во првата половина на април, пишува денеска српскиот весник „Блиц“.

Според изданието првата седница ќе се одржи на седми април, а Владата ќе биде избрана најдоцна до 20 април.

Неименувани извори од Српската напредна партија изјавиле дека имаат тенденција местото претседател на Парламентот да го понудат на некој од нивните идни коалициски партнери.