Србија рекордер по број на азилнати во ЕУ

Граѓани на Србија и понатаму предничат по број на баратели на азил во Западна Европа и неопходни се мерки тоа да се запре, се вели во најнов извештај на Европската комисија.

Од сите азиланти од Западен Балкан „уделот“ на Србија е 42 отсто, а следуваат Македонија, БиХ, Албанија и Црна Гора, се вели во редовниот извештај за функционирањето на безвизниот режим во регионот.

Речиси три четвртини од азилантите побарале влез во Германија и покрај речиси никакви шанси барањето да им биде одобрено, утврдила Комисијата.

Извештајот покажува дека бројот на азиланти  постојано расте откако државите од Западен Балкан се ставени на „белата Шенгенска листа“ и сугерираат мерки што треба да преземат држави од регионот.

Од нив се бара засилување на меѓусебната соработка и гранична контрола и лицата кои заради профит поттикнуваат имиграција да бидат кривично гонети