Балкан

Србија: Секој ден тројца заболуваат од рак на лимфните клетки

Србија: Секој ден тројца заболуваат од рак на лимфните клетки

Во Србија секој ден се регистираат три нови случаи на лимфом, а најголем проблем е што овој мошне сложен рак на лимфните клетки најчесто се открива во поодмината фаза, бидејќи има неспецифични симптоми, предупредија денеска експертите.

На трибината, која српското Здружение на пациенти заболени од лимфом (ЛИПА) ја организираше по повод борбата против оваа болест, хематологот од Клиничкиот центар на Србија д-р Милена Тодоровиќ појасни дека и баналните инфекции можат да ги маскираат општите симптоми на оваа болест.

Наведувајќи ги како најчести симптоми на лимфомот, премаленоста, ноќното потење и малку покачена температура, таа истакна дека знак за аларм се зголемените безболни лимфни жлезди, најчесто на вратот, под пазувите и препоните, особено доколку траат подолго од две до три недели.

Меѓу симптомите, кои можат да бидат упорни се и сувото кашлање, губењето на воздух, главоболки, необјасниво губење на телесната тежина без држење диета, чешање и осип по целото тело.

– Неснаоѓањето на лекарите и погрешното поставување на дијагнозата на лимфомот не е типично само за Србија, туку и за останатите земји, вклучувајќи ги и најразвиените, изјави претседателот на Здружението на пациентите, заболени од лимфом, Маја Кочиќ.

Повеќе од милион луѓе во светот во моментов живеат со лимфом, а 400 луѓе дневно умираат од оваа болест.