Србија секоја година ја напуштаат над 32 илјади лица

Секоја година Србија ја напуштаат околу 32 илјади лица од кои во Германија заминуваат девет илјади српски државјани, покажуваат податоците на Канцеларијата на Владата на Србија за соработка со дијаспората.

„Нашата дијаспора во Германија е една од најбројните и таму живеат околу 600 илјади Срби“, рекла Славка Драшковиќ, директорка на владината канцеларија на Србија.

Таа напоменала дека тоа е поради висококвалификуваната и образовна дијаспора, а Србите имаат голем потенцијал да бидат извор на стручен кадар.