Србија: Шеикот во вила „Горица“ оставил 50.000 долари бакшиш

Навиката на арапските принцови во своите чанти да носат многу пари за да ги почестат своите домаќини ја потврди и крунисаниот принц на Абу Даби, шеикот Мухамед бин Зајед во изминатите недели, кога по слободна проценка, на вработените во вилата „Горица“ каде што вечерал и спиел, оставил бакшиш од околу 50.000 долари, пишуваат српските медиуми.

Принцот, кој една ноќ поминал во Подгорица, на сите вработени, од келнери до готвачи, им оставал бакшиш.

Како што неофицијално дознава српски „Новости“, пред доаѓањето побарал список со имиња, а човек од неговата придружба поделил пликови во кои, поединечно, имало од илјада до неколку илјади долари.

Шеикот ги освоил симпатиите на домаќините уште во 2008 година, кога додека престојувал во Будва, каде што најавил инвестиции во „Будванската ривиера“, го честел целиот персонал.

Неколку пати ги испраќал своите луѓе по нови пликови, за да не изостави некого.

„Ги честеше сите по ред, од келнери, до готвачи, собарки, момчиња кои носат куфери, вработени во обезбедувањето… Не знам дали во сите пликоа имаше ист износ, но знам дека во некои имало и по 2.000 долари“, наведува извор за српски „Новости“.