Србија шест години погрешно тестира рак на грлото на матката

Владата на Србија и здравствените институции од 2008 година во рамките на Националната програма за првенција од рак, ја усвоиле препораката гинеколошките брисеви се земаат со т.н ендоцервикални четкички и дрвени шпатули, наместо со памучни брисеви, но се покажало дека смао десет отсто од гинеколошките амбуланти се придружуваат за тоа, пишува tegraf.rs

Иако ПАП тестот е најдоверлив метод, користењето на неадекватни инструменти за земање на брис може да предизвика погрешни резултати, па на здрава жена да дијагностициа рак, а на заболена да покаже добри резултати.

„Од еден до два отсто од карциномите на грлото на матката се наоѓа интрацервикално односно се пропушта ако се зема со памучни стапчиња, “ изјави Бојана Милошевиќ, гинеколог.

Но, според српските гинеколози, Србија не е прва во Европа по смртноста од рак на грлото на матката не заради тоа што брисеви се земаат со тардиционални сетови, туку поради тоа што жените немаат самодисциплина и одговорност да го контролираат своето здравје.